Практикуми/Медицинска статистика
Практикум за тригодишни стручни студии
Содржината презентирана во практикумот под назив “Практикум за тригодишни стручни студии“ во целост одговара на практичниот дел од наставната програма за студентите на тригодишните стручни студии на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. Претставува второ изменето и дополнето издание на првото публикувано издание од 2015 година. Сите тематски целини во практикумот се дидактички обработени преку примери од медицинската пракса, што на корисникот му овозможува лесно разбирање и брзо индивидуално решевање на повеќе од сто и педесет презентирани проблеми/задачи. Објаснувањата по теми на обработка се напишани концизно и јасно, а шематските прикази одлично го илустрираат материјалот.
Даниловски Д, Таушанова Б, Велиќ Стефановска В, Исјановска Р, Зафирова Ивановска Б, Павловска И. Медицинска статистика – Практикум за тригодишни стручни студии; Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Медицински факултет, Скопје. 2017. ISBN 978-608-4596-70-7, COBISS.MK-ID 97870090
