02 310 9965 [email protected]

Учебници/Биостатистика

Биостатистика

Учебникот “Биостатистика“ од 2012 година претставува второ изменето и дополнето издание на првото публикувано издание од 2006 година. Содржината на учебникот одговара на наставната програма по предметите Биостатистика и Статистика на додипломските, последипломските и докторските студии на медицинските и стоматолошките науки. Содржината на учебникот е од интерес и за сите заинтересирани истражувачи од аспект на добивање на драгоцени знаења од оваа област. Во учебникот се обработени тринаесет посебни целини и тоа:

а) дескриптивна анализа;
б) распределба на фреквенциите и веројатноста;
в) хипотези;
г) анализа на варијанса;
д) Хи-квадрат тест;
ѓ) регресиона анализа и линеарна корелација;
е) мерки на корелација базирани на рангирани податоци;
ж) непараметарски тестови;
з) испитување на динамика на појавите;
и) анализа на времето на преживување; и
ј) демографска статистика

Даниловски Д, Таушанова Б, Велиќ Стефановска В, Исјановска Р, Зафирова Ивановска Б, Здравковска М, Павловска И. Биостатистика. Биостатистика;Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Медицински факултет, Скопје. Реиздание, 2012. ISBN 978-608-4596-28-8, COBISS.MK-ID 92208650