02 310 9965 [email protected]

Практикуми/Медицинска статистика

Медицинска статистика – Практикум за тригодишни стручни студии

Содржината презентирана во практикумот под назив “Медицинска статистика – Практикум за тригодишни стручни студии во целост одговара на практичниот дел од наставната програма за студентите на тригодишните стручни студии на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. Сите тематски целини во практикумот се дидактички обработени преку примери од медицинската пракса, што на корисникот му овозможува лесно разбирање и брзо индивидуално решевање на повеќе од сто и педесет презентирани проблеми/задачи. Објаснувањата по теми на обработка се напишани концизно и јасно, а шематските прикази одлично го илустрираат материјалот.

Велиќ Стефановска В, Зафирова Ивановска Б, Павловска И, Кочински Д, Димитриевска Љ. Медицинска статистика – Практикум за тригодишни стручни студии; Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Медицински факултет, Скопје. 2023.  ISBN 978-608-4540-91-6,  COBISS.MK-ID 60616197