02 310 9965 [email protected]

ИСТОРИЈАТ

Катедрата за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика е формирана во 1947 година, истовремено со формирањето на Медицинскиот факултет во Скопје. На почетокот, оваа катедра функционира како Кабинет за епидемиологија во рамките на Катедрата за микробиологија и паразитологија. Предметот епидемиологија и статистика го предава проф. д-р Богдан Каракашевиќ и асс. д-р Кирил Јанев.

Во 1982 година, со заложба на тогашниот декан на Медицинскиот факултет проф. д-р Борислав Каранфилски како и на проф. д-р Кирил Јанев, се основа Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика како Катедра за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика. Институтот, односно Катедрата започнува самостојно да функционира само со еден професор (проф. д-р Кирил Јанев) и два асистенти (асс. д-р Драган Даниловски и асс. д-р Кристин Василевска). Катедрата спроведува теоретска и практична настава по предмот епидемиологија и предметот статистика на додипломските студии на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет во Скопје.

 По пензионирањето на проф. д-р Кирил Јанев во 1988 година, Катедрата останува без свој наставник. Со одлука на Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, за периодот до докторирање на кадри од Катедрата, одговорни наставници за предметите Епидемиологија и Биостатистика со медицинска информатика се надворешни лица и тоа: проф. д-р Климе Каровски од Катедрата за Инфективни болести и фебрилни состојби (1988-1990), проф. д-р Марија Поп-Ацева од Катедрата за микробиологија со паразитологија (1990-1992) и проф. д-р Блаже Николовски од Воената болница во Скопје (1992-2001). Под нивно менторство, во спроведувањето на теоретската и практичната настава на Катедрата учествуваат вработените асистенти, и докторанди.

Од 1999 година, по докторирањето на кадри од катедрата и нивен избор во научни звања, за шефови на Катедра биле избирани членови од катедрата и тоа: проф. д-р Билјана Таушанова (2001-2005), проф. д-р Никола Оровчанец (2005-2009), проф. д-р Драган Даниловски (2009-2013), проф. д-р Весна Велиќ Стефановска (2013 – 2019), проф. Розалинда Исјановска (2020-2021), проф. Ирина Павловска (2021-2023), и проф. Бети Зафирова Ивановска (2023 …)

Раководители на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика биле: проф. д-р Драган Даниловски (1989-1999; 2003-2009; 2016 – 2020), проф. д-р Никола Оровчанец (1999-2003; 2009-2013), проф. д-р Бети Зафирова Ивановска (2013-2016) и проф. Весна Велиќ Стефановска (2020 – …).

Членови на Катедрата за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика при истоимениот инститит беа номинирани на значајни функции од здравствен и едукативен интерес како: проф. д-р Драган Даниловски за Министер за здравство на Р.Македонија (1999-2001), и проф. д-р Бети Зафирова Ивановска за продекан за настава на Медицинскиот факултет во Скопје (2016 – 2023)

Двајца членови на Катедрата, проф. д-р Билјана Таушанова во 2004 година и проф. д-р Весна Велиќ Стефановска во 2006 година се добитници на 13 Ноемвриска награда на град Скопје и на Плакета за придонес во афирмација на УКИМ. 

За раководители на докторските студии по Јавно здравство при Универзитетската школа за докторски студии, УКИМ – Скопје беа номинирани проф. д-р Розалинда Исјановка (2014-2021 и проф. Весна Велиќ Стефановска (2022 …).