НАСТАВА
Институтот за Епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, УКИМ – Скопје учествува со свои предмети на додипломските студии и тригодишните стручни студии на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет, како и во спроведувањето на магистерските студии по јавно здравство, докторските студии по клиничка медицина, базична медицина и по јавно здравство на Медицинскиот факултет. Во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија, Институтот за Епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, УКИМ – Скопје е одговорен и за спроведување на специјализацијата по Епидемиологија.