Учебници/Специјална Eпидемиологија
Специјална Eпидемиологија
Содржината на учебникот одговара на наставната програма по предметот Епидемиологија на додипломските и последипломските студии и се состои од две посебни целини. Првата целина се однесува на епидемиологијата на заразни болести. Истата е организирана во шест поглавја, кои претставуваат посебни методски единици и ги обработуваат епидемиолошките карактеристики на респираторните, цревните, контактните, трансмисивните и природноогнишните заразни болести, како и на зоонозите. Во оваа целина авторите обработуваат седумдесет и пет болести. Втората целина на учебникот се однесува на хронични незаразни болести селектирани согласно нивниот приоритет и значење во современото живеење и нивното место во светската епидемиологија.
Даниловски Д, Таушанова Б, Велиќ Стефановска В, Исјановска Р, Зафирова Ивановска Б, Здравковска М, Павловска И.Специјална Eпидемиологија. Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Медицински факултет, Скопје. 2009. ISBN 978-9989-2534-3-0, COBISS.MK-ID 78305290
